Барселона е пред реализација на изненадувачки трансфер, откако постигнала договор со Арсенал за ангажман на Габриел Жезус, пренесува Фабрицио Романо. Каталонците за Бразилецот ќе платат 10 милиони евра плус бонуси, а медицинските прегледи се закажани за понеделник. Доколку сè помине без проблеми, Жезус ќе стави потпис на договорот и ќе стане нов играч на Барселона.
Трансферот доаѓа како изненадување, бидејќи Барселона долго време се обидуваше да го доведе Хулијан Алварез. Сепак, Атлетико Мадрид не сакал да го продаде Аргентинецот на директен конкурент, па каталонскиот клуб морал да се сврти кон друга опција. Така, во самиот финиш на преодниот рок, Барселона во целосна тишина го завршила трансферот на Жезус, кој наскоро би требало да го започне новото поглавје од кариерата во Шпанија.

