Меѓународен фудбал Фудбал

Ливерпул подготвува 35 милиони евра за „новиот Куртоа“!

Ливерпул подготвува голем трансфер за иднината на голманската позиција. Англискиот гигант е заинтересиран за 18-годишниот Лука Бругеманс од Генк, за кого белгискиот клуб бара околу 35 милиони евра. Речиси два метри високиот голман во Белгија е сметан за еден од најголемите таленти на својата позиција, па дури доби и споредба со Тибо Куртоа, кој исто така својата кариера ја започна во Генк.

Сепак, реализацијата на трансферот директно зависи од иднината на Џорџи Мамардашвили на „Енфилд“. Доколку Грузиецот си замине, Ливерпул би можел веднаш да тргне по Бругеманс. Во спротивно, младиот Белгиец би останал на позајмица во Генк уште една сезона. Во клубот паралелно размислуваат и за иднината на Алисон Бекер, чиј договор истекува во јуни 2027 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.