Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, го собори историскиот рекорд и стана најмладиот фудбалер од петте најсилни европски лиги кој достигнал бројка од 50 постигнати голови во клупската кариера.
Со точно 19 години и 49 дена, шпанскиот репрезентативец стана и најмладиот играч во историјата на Барселона кој ја проби оваа граница. Рекордот го запечати на првенствениот дуел против Рајо Ваљекано, каде што постигна два погодоци, најпрво во првиот дел со прекрасен удар во горниот агол, а потоа и во 90. минута за да ги постави конечните 5-2.
Со овој подвиг, Јамал го надмина досегашниот рекорд што го држеше Килијан Мбапе, кој стигна до својот 50. клупски гол со 19 години и 241 ден. За споредба, на Ерлинг Халанд за истиот ефект му беа потребни 20 години и 196 денови.

