Меѓународен фудбал Фудбал

Гасперини има тим во страшна форма, Рома со нова убедлива победа во Серија А! (ВИДЕО)

Рома испрати сериозно предупредување до конкуренцијата уште на самиот почеток од новата сезона во Серија А. „Волчицата“ по само две одиграни кола има максимален ефект, но уште повпечатливо е што во двата натпревари постигна по четири гола. Тимот од Рим очигледно влезе во сезоната со јасна идеја и огромна самодоверба во нападот. По убедливиот старт, избраниците на Џанпјеро Гасперини продолжија во ист стил и на гостувањето кај Лече, каде што без поголеми проблеми славеа со 0-4.

Главната фигура повторно беше Донел Мален. Холанѓанецот, кој во првото коло блесна со хет-трик, и овојпат одигра клучна улога во офанзивата на Рома. Мален уште во четвртата минута го најави она што следуваше, погодувајќи за рано водство од 0-1. Рома продолжи да напаѓа и во средината на првиот дел практично го реши прашањето околу победникот. Во 23. минута Мален повторно се најде на вистинското место и со својот втор гол зголеми на 0-2. Само неколку минути подоцна следуваше нов удар за домаќинот, откако Матиас Суле се запиша во листата на стрелци за убедливи 0-3.

Со високата предност во раце, Рома во продолжението не мораше да ризикува. Гостите го контролираа темпото, го чуваа резултатот и не дозволуваа Лече да се врати во натпреварот. Сепак, до крајот имаше простор и за уште еден погодок. Родриго Мора во 65. минута го постигна својот првенец во дресот на Рома и ги постави конечните 0-4. Така, Рома по две кола има максимални шест бода и фантастична гол-разлика од 8-0. Со ист број бодови се и Интер, Милан, Јувентус и Лацио, но римскиот тим моментално има најдобра гол-разлика.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.