Меѓународен фудбал Фудбал

Флик: Сè е во ред со Јамал, ниту јас не се смеам секој ден!

Барселона вечерва го пречекува Рајо Ваљекано во последниот меч од третото коло во Ла Лига, бркајќи трета победа во низа по сигурните триумфи над Елче и Атлетик Билбао. Иако пристигнувањето на Габриел Жезус е главна тема во каталонскиот гигант, тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата посебно внимание посвети на формата и расположението на младиот Ламин Јамал.

Германскиот стратег ги демантираше шпекулациите дека младата ѕвезда се соочува со психолошка криза бидејќи ретко се смее во последно време.

„На тренинзите Ламин е одличен и е на вистинскиот пат да се врати во препознатливата форма. Секој ден не е ист, ниту јас не се смеам секој ден. Тој играше на Светското првенство, имаше сериозна повреда и паузираше три недели пред да ни се приклучи. Против Билбао одигра цели 90 минути и во одредени моменти повторно ја покажа својата висока класа“, изјави Флик.

Што се однесува до составот, Жезус сè уште нема да дебитира и ќе го следи мечот од трибините на „Камп Ноу“, додека во средниот ред одново се очекуваат Марк Бернал и Педри, со оглед на тоа што Родри и Френки де Јонг постепено го фаќаат натпреварувачкиот ритам. Во офанзивниот дел Флик повторно ќе им верува на Рафиња, Фермин Лопез, Ентони Гордон и Јамал.

Од друга страна, предводникот на Рајо Ваљекано, Бењат Сан Хосе, ја препушти фаворитската улога на домаќинот, но порача дека неговиот тим ќе ги бара своите шанси. Гостите од Мадрид на овој меч влегуваат и со дополнителни грижи околу безбедносните инспекции на нивниот стадион во Ваљекас, а за дуелот во Барселона нема да сметаат на повредените Иси Пелазон и Адри Педроса.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.