Меѓународен фудбал Фудбал

Евертон го враќа Џек Грилиш повторно меѓу „карамелите“

Евертон не чекаше долго за да ја пополни празнината по заминувањето на Илиман Ндијаје во Манчестер Сити за 65 милиони фунти. Во спротивна насока замина Џек Грилиш, кој втора сезона по ред ќе го носи сино-белиот дрес на клубот од Ливерпул.

Според информациите на „Гардијан“, 30-годишниот англиски офанзивец веќе ги минува медицинските прегледи пред и официјално да биде потврдена новата едногодишна позајмица. Иако двата трансфери формално се водеа одделно, раководствата на двата клуба паралелно ги договорија сите детали.

Грилиш и минатата сезона ја мина на „Гудисон Парк“, каде што запиша два гола и шест асистенции на 22 натпревари, пред фрактурата на стопалото да го исфрли од строј во завршницата од шампионатот и да му ги скрати шансите за место во англиската репрезентација за Светското првенство. Покрај неколкуте други понуди, Грилиш даде предност на враќањето во Евертон поради одличната соработка со Дејвид Мојес и довербата од клубот каде што го мина и процесот на рехабилитација.

Бидејќи влегува во последната година од договорот со Манчестер Сити, оваа позајмица најверојатно означува и дефинитивен крај на неговата епизода на „Итихад“, каде што пристигна во 2021 година од Астон Вила за тогаш рекордни 100 милиони фунти.

Истовремено, Евертон во последните часови од преодниот рок ги финализира и преговорите за ангажман на Фоларин Балогун од Монако, додека дефинитивно се откажа од опцијата за враќање на Ришарлисон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.