Меѓународен фудбал Фудбал

Дефинитивен крај, Предраг Мијатовиќ си замина од ФК Партизан!

Предраг Мијатовиќ дефинитивно ја заврши својата епизода во Партизан. Легендарниот фудбалер на црно-белите денеска поднесе оставка и од местото член на Собранието на клубот, со што и официјално стави крај на својот ангажман во Хумска. Мијатовиќ во Партизан пристигна во октомври 2024 година, заедно со Расим Љајиќ, Данко Лазовиќ и Милко Форцан, како дел од привремена работна група чија задача беше стабилизација на клубот. Нивните позиции подоцна беа потврдени и на клупското Собрание.

Сепак, соработката не траеше долго. Иако на последното гласање Мијатовиќ ја доби потребната поддршка за да остане на функцијата, тој одлучи да поднесе оставка како потпретседател задолжен за спортски прашања.

„Јас поминав за само еден глас. Да знаев, ќе гласав против себе. Партизан заслужува да се смират страстите“, изјави тогаш Мијатовиќ, објаснувајќи дека не може да продолжи под постојните услови и несогласувања.

Три месеци по оставката, Мијатовиќ сега се повлече и од Собранието на Партизан. Со тоа неговиот ангажман во клубот е дефинитивно завршен. Неговото заминување доаѓа во тежок период за црно-белите, кои имаат разочарувачки старт на сезоната и во моментов се на дното на табелата во домашното првенство. Дополнително, Партизан остана без настап во Европа по неуспехот во плеј-офот за Лигата на конференции.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.