Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Ѕвездата на Мароко најави: Можеме далеку на Мундијалот, имаме големи амбиции!

Исмаел Саибари продолжува да биде едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство. Напаѓачот на Мароко повторно се запиша меѓу стрелците, носејќи важна победа на својата репрезентација против Шкотска од 1-0, откако претходно погоди и во ремито со Бразил. По натпреварот, 25-годишниот фудбалер не сакаше да зборува за шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Баерн Минхен, иако германските медиуми сè погласно пишуваат за интересот на баварскиот гигант.

Наместо тоа, Саибари го насочи вниманието кон настапите на Мароко на Мундијалот.

„Ова е посебен момент за мене. Од детството сонував да играм за мојата земја на Светско првенство, а сега постигнувам голови на најголемата сцена. Пресреќен сум“, изјави мароканскиот репрезентативец.

Тој порача дека Мароко нема намера да застане тука и верува дека селекцијата има квалитет за висок дострел на шампионатот.

„Имаме големи амбиции и ќе се бориме за нив. Верувам дека можеме да стигнеме многу далеку“, додаде Саибари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.