Боречки спортови Други спортови

Зверски нокаут на Царукјан и шампионска потврда за Ван на УФЦ во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Спектакуларната УФЦ 331 вечер во Лос Анџелес донесе спектакуларни моменти и јасна слика во борбите за шампионските појаси. Арман Царукјан приреди фантастично враќање на големата сцена, додека Џошуа Ван ги отстрани сите дилеми во „флајвејт“ категорија.

Грузискиот борец Царукјан го нокаутираше Бразилецот Маурисио Руфи на само четири секунди пред крајот на првата рунда, пласирајќи разорен лакт од клинч што го зашемети противникот пред жестоката завршница на партер. Со оваа шеста последователна победа во елитата, Царукјан повторно се истакна како главен претендент за титулата во лесна категорија на Џастин Гејџи, веднаш зад Илија Топурија.

„Знаев дека не смеам да брзам, иако борбата беше предвидена на пет рунди. За мојот следен меч, односно битката за шампионскиот појас, морам повторно да дојдам до ваква предвремена завршница“, порача Царукјан по мечот.

Во главниот меч на вечерта, Џошуа Ван успеа да ја одбрани титулата во „флајвејт“ категорија против поранешниот шампион Александре Пантожа. По нивниот прв несреќен меч кој заврши со брза повреда на Бразилецот, Ван овојпат диктираше целосна доминација низ сите пет рунди и славеше со убедлива и едногласна судиска одлука (50:45, 49:46, 49:47), потврдувајќи дека е вистински владетел во својата дивизија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.