Други спортови Тенис

Зверев се пласира во финалето на Ролан Гарос!

Александар Зверев обезбеди пласман во големото финале на Ролан Гарос по победата над чешкиот тенисер Јакуб Меншик со 3:1 во сетови.

На третиот светски рекет максимално му се отвори патот до престижниот трофеј во Париз. Од неговата половина од ждребот отсуствуваше повредениот Карлос Алкараз, додека на спротивната страна главните фаворити Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ доживеаја неочекувано рани елиминации. Зверев претходно без поголеми проблеми ги елиминираше Бонзи, Махач, Алис, Де Јонг и Ходар, за на крајот да го скрши отпорот и на незгодниот Меншик со 7:5, 6:2, 3:6 и 6:3. За него ова ќе биде четврто Грен слем финале во кариерата, но овојпат со убедливо најголема шанса конечно да стигне до врвот.

Германскиот тенисер претходно ги загуби финалните пресметки на УС Опен во 2020 година од Доминик Тим, на Ролан Гарос во 2024 година од Алкараз, како и минатата година на Австралијан Опен од Синер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.