Други спортови Тенис

Зверев остана без финале, Давидовиќ Фокина ќе се бори за најголемата титула во кариерата

Александар Зверев остана без финале на Мастерсот во Шангај, откако загуби од Шпанецот Алехандро Давидовиќ Фокина со 2:1 во сетови (5:7, 6:4, 6:3). Со овој пораз, Германецот го одложи и обидот да се доближи до првото место на АТП-листата. Зверев го освои првиот сет, но Шпанецот возврати во продолжението, наметнувајќи силно темпо од основната линија. По израмнувањето на 1:1, Давидовиќ Фокина направи брејк на почетокот од решавачкиот сет и ја задржа предноста до крајот.

„Се концентрирав на секој поен и не размислував за резултатот. Во третиот сет се чувствував и физички посилен“, изјави Шпанецот по победата.

Давидовиќ Фокина, кој е 26. на АТП-листата, ја забележа шестата победа против тенисер од најдобрите пет во светот. Воедно, ја продолжи серијата на девет последователни победи во Кина, по титулата во Ченгду минатиот месец. Шпанецот сега го очекува второто Мастерс-финале во кариерата, каде што ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Данил Медведев и Рафаел Ходар.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.