Други спортови Тенис

Зверев на прагот на историски успех, но не на начинот на кој посакуваше

Александар Зверев е пред голем момент во кариерата и историски искачување на врвот на АТП-листата, но германскиот тенисер признава дека околностите не се онакви какви што би посакувал. Отсуството на Јаник Синер од завршницата на сезоната му отвора пат кон првото место во светскиот тенис.

„Сè уште сум број два, но знам дека ќе ја завршам годината како број еден поради тоа што Јаник Синер нема да игра, за жал. Кога навистина ќе го видам бројот еден покрај моето име, емоциите ќе бидат многу поголеми. Тоа ќе биде посебен момент за мене“, изјави Зверев.

Германецот ќе има можност дополнително да го забрза искачувањето со добри резултати на турнирите во Шангај и Виена. Доколку не успее таму, првото место би можел да го преземе во Париз или на завршниот турнир во Торино. Причината за ваквиот развој е тоа што Синер нема да ги брани титулите во Виена, Париз и Торино, со што ќе загуби вкупно 3.000 поени. Тоа значи дека Зверев во одреден момент би можел да го престигне и без да оствари извонредни резултати.

Сепак, Германецот сигурно би сакал првото место да го обезбеди со сопствените успеси, а не поради отсуството на својот голем ривал. На тој начин би го потврдил својот квалитет и би имал можност подолго да се задржи на врвот на светскиот тенис.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.