Други спортови Тенис

Зверев го сруши Атман, формирани осминафиналните парови

Третиот светски рекет Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати, откако во третото коло славеше против Французинот Теренс Атман со 7:6 (7:4) и 7:6 (8:6). Во меч кој траеше два часа и девет минути, Германецот ја оправда фаворитската улога против 45-тиот тенисер на АТП листата, иако мораше да ги решава сите деликатни моменти низ два напорни тај-брејка.

Оваа победа има посебна тежина за Зверев, бидејќи со самиот пласман во оваа фаза е потврдено дека на следната АТП листа тој и официјално ќе го преземе второто место во светот од Шпанецот Карлос Алкараз, без оглед на неговиот понатамошен резултат на овој турнир. Негов следен ривал за четвртфинале ќе биде домашниот адут Томи Пол, кој по пресврт славеше против Адолфо Даниел Ваљехо од Парагвај со 3:6, 6:3 и 6:4.

Пласман меѓу најдобрите 16 избори и Французинот Артур Фис, кој во три сета го надигра Чехот Јиржи Лехечка со 6:1, 6:7 (7:9) и 6:3. За место во четвртфиналето, Фис ќе се соочи со опасниот Австралиец Алекс де Минор. Сигурен беше и младиот чешки талент Јакуб Меншик, кој во два сета (6:3, 6:4) го елиминираше Ринки Хиџиката и закажа дуел со Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте.

Место во осминафиналната фаза обезбеди и Кристофер О’Конел, откако Бразилецот Жоао Фонсека му го предаде мечот во третото коло поради повреда. Австралиецот во следното коло ќе ги одмери силите со победникот од дуелот меѓу Тејлор Фриц и Даниел Мерида Агилар. Престижниот Мастерс во Синсинати годинава се игра за вкупен награден фонд од 9.415.725 долари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.