Други спортови Тенис

Зверев го покори Ролан Гарос за прв Грен слем!

Александар Зверев ја освои својата прва Грен слем титула во кариерата, откако во големото финале на Ролан Гарос го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 3:2 во сетови (6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1). По четири часа и 19 минути голема борба во Париз, третиот тенисер во светот конечно го прекина низот од три загубени финалиња на најголемата сцена и дочека свој момент за славење.

Германецот доминираше на самиот почеток и со два брејка лесно го доби првиот сет со 6:1, но Коболи покажа карактер во продолжението и го освои вториот сет со 6:4. Клучната предност во третиот сет Зверев ја направи во десеттиот гем кога го одзеде сервисот на противникот за водство од 2:1. Иако Италијанецот се врати во игра во четвртиот сет кој го доби во тај-брејк со 7:5, во одлучувачкиот сет немаше сили за пресврт. Зверев одигра без грешка во петтиот сет, му препушти само еден гем на ривалот и со убедливи 6:1 стигна до најголемата победа во кариерата.

Германскиот тенисер во текот на целиот турнир делуваше најстабилно од сите конкуренти, максимално ја искористи елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, отсуството на Јаник Синер во завршницата и повредата на Карлос Алкараз. По години чекање и тешки повреди, Зверев сосем заслужено го подигна пехарот во Париз, додека младиот Коболи и покрај поразот остави одличен впечаток во своето прво Грен слем финале.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.