Александар Зверев е вториот финалист на Мастерсот во Мадрид, откако славеше во полуфиналниот меч со Александар Блокс со 2-0 (6-2, 7-5) во сетови. 69-то рангираниот Блокс немаше сила да приреди уште едно изненадување, па Зверев кој го имаше мечот под контрола, дојде до ново финале.
Во финалето Зверев за противник го има прворангираниот тенисер на светот, Јаник Синер, а со евентуална победа во недела, би дошол до осмата титула на мастерс турнирите.

