Други спортови Тенис

Зверев доби големо признание од Алкараз пред стартот на Левер купот

Карлос Алкараз со пофални зборови за Александар Зверев пред стартот на Левер купот во Лондон. Шпанецот смета дека германскиот тенисер во моментов игра во одлична форма и оди чекор подалеку, оценувајќи дека веројатно е најдобар тенисер на светот во овој момент.

„Навистина игра феноменално. Веројатно е најдобар на светот во моментов“, изјави Алкараз во пресрет на почетокот на натпреварувањето.

Зверев зад себе има период во кој успеа максимално да ја искористи ситуацијата во светскиот тенис. Додека Алкарас и Јаник Синер имаа проблеми и пропуштаа дел од најважните турнири, Германецот продолжи да собира големи резултати. Тој триумфираше во Париз и Њујорк, а стигна и до финалето во Лондон, со што значително ја намали разликата во однос на водечките тенисери на АТП-листата. Иако моментално е втор на светот, Зверев има можност годината да ја заврши и на лидерската позиција.

За Алкараз , пак, Левер купот претставува нов чекор во враќањето на највисоко ниво. Шпанецот по пауза од четири и пол месеци се врати на терените на „Флешинг Медоуз“, а сега ќе има можност дополнително да ја гради формата во Лондон.

„Ова ќе биде голема проба за мене“, призна Алкараз пред почетокот на натпреварувањето.

Шпанецот третпат ќе биде дел од Тим Европа на Левер купот. Досега има една победа и еден пораз, а годинава дополнителна мотивација му дава фактот што минатата сезона остана без трофејот.

„Минатата година ми избега трофејот и ќе дадам сè од себе да го вратам. Освен тоа, првпат во кариерата ќе играм во О2 Арената“, додаде Алкараз.

Распоредот и составите за првиот ден сè уште не се целосно познати, па останува да се види кога и против кого ќе настапат Алкарас и Зверев. Она што е извесно е дека двајцата ќе бидат дел од европскиот тим, кој ќе се обиде повторно да стигне до трофејот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.