Интересен и несекојдневен момент го одбележа влегувањето во игра на Марк Кукуреља при убедливата победа на Реал Мадрид од 4:1 над РБ Лајпциг во Лигата на шампионите. Шпанскиот репрезентативец влезе во игра во 70. минута на местото на Алваро Карерас, но при секој негов контакт со топката од трибините на „Сантјаго Бернабеу“ се слушаа гласни свирежи.
Оваа реакција зачуди многумина, со оглед на тоа што мадридската публика е презадоволна од неговите настапи. Сепак, зад овој инцидент се крие сериозен пробив во продажбата на билети. Покрај официјалните 2.000 навивачи на Лајпциг сместени во гостинскиот сектор, уште стотици германски фанови успеале да купат билети преку препродажба и алтернативни канали, инфилтрирајќи се низ целата домашна трибина.
Германците сè уште не му ја простуваат на Кукуреља познатата контроверза од четвртфиналето на Евро 2024, кога играше со рака по шутот на Џамал Мусиала, а судиите и ВАР не досудија пенал, одлука за која УЕФА подоцна и официјално призна дека била грешка.
Сепак, кога вистинските навивачи на Реал Мадрид сфатија дека Германците се обидуваат да го исвиркаат нивниот играч од сите агли на стадионот, реагираа моментално, со громогласни аплаузи и овации при секој допир на Кукуреља успеаја целосно да ги „задушат“ гостите.

