Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Зошто Белингем избегна црвен картон за покривање на устата? Колина ја реши големата мундијалска дилема!

Натпреварот меѓу Англија и Гана донесе голема контроверзија во фудбалската јавност откако камерите го уловија Џуд Белингем како со рака преку устата разговара со Џордан Ају. Навивачите веднаш бурно реагираа барајќи исклучување, со оглед на новото ригорозно правило на ФИФА кое строго го забранува овој гест, пропис кој веќе беше брутално применет на мечот меѓу Парагвај и Турција, каде Мигел Алмирон заработи директен црвен картон. Сепак, англиската суперѕвезда помина без никаква казна, а причината лежи во специфичното толкување на новите фудбалски правила.

Главниот судиски шеф на светската куќа на фудбалот, легендарниот Пјерлуиџи Колина, веднаш ја разреши мистеријата и објасни дека криењето на лицето не е комплетно забрането. Оваа драстична санкција се применува исклучиво кога фудбалерите се наоѓаат во тензична ситуација, конфликт или вербална пресметка со ривалот, каде со покривањето на устата потенцијално се кријат тешки навреди и недоличен речник. Бидејќи дијалогот меѓу Белингем и Ају бил во сосема нормален и пријателски тон за време на играта, арбитрите немале никаква основа за казна, па Англичанецот сосема легално куртули од мундијалска суспензија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.