Милански Интер продолжува со својата препознатлива филозофија на трансфер-пазарот кога во прашање се чуварите на мрежата. По успешните и исклучително евтини зделки со Андре Онана и Јан Зомер, италијанскиот гигант повторно бара ефтино решение меѓу стативите.
Швајцарскиот ветеран Јан Зомер дефинитивно го напушта „Џузепе Меаца“ на 30 јуни како слободен агент. Бидејќи тој веќе навлегува во 38-та година од животот, раководството одлучи да започне подмладување на тимот. Проектирано е улогата на прв голман во новата сезона да ја преземе досегашната резерва, Џозеп Мартинез.
Поради оваа ротација, Интер мораше експресно да најде нов, искусен чувар на мрежата кој без проблем би ја прифатил улогата на втор избор. Изборот падна на Иван Проведел од Лацио, а преговорите во Рим веќе се пред самиот крај. Калчолигашот планира да ја комплетира оваа зделка за сума меѓу два и три милиони евра.
Истовремено, Лацио ја користи оваа ситуација за да го растовари сопствениот буџет. Римјаните договорија перманентна продажба на дефанзивецот Алесио Ромањоли во катарскиот клуб Ал Сад, каде што тој претходно настапуваше како позајмен играч.

