Меѓународен фудбал Фудбал

Златната генерација на Астон Вила се распаѓа поради финансискиот фер-плеј

Иако освојувањето на Лига Европа и пласманот во Лигата на шампионите обично носат финансиска стабилност, Астон Вила ова лето стана најголемата жртва на строгите правила за финансиска одржливост во Премиер лигата. Клубот од Бирмингем е принуден на масовна распродажба на своите клучни играчи за да ги испочитува регулативите.

Екипата на Унаи Емери доживеа распродажба на клучните играчи во само еден преоден рок. Морган Роџерс се пресели во Челси за рекордни 117 милиони фунти, Јури Тилеманс беше продаден на Манчестер Јунајтед за 35 милиони, а Лука Дињ замина во ПСЖ за 8,5 милиони фунти. Пред заминување е и дефанзивецот Езри Конса, кој преминува во редовите на шампионот Арсенал за 51 милион фунти.

Загриженоста кај навивачите е уште поголема бидејќи до крајот на август клубот би можеле да го напуштат и голманот Емилијано Мартинез и првиот стрелец Оли Воткинс. Пред самиот старт на новата сезона и гостувањето кај Брајтон, Емери се наоѓа пред речиси невозможна мисија, во од да гради сосем нов тим за борба во англиската елита и Лигата на шампионите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.