Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Златан импресиониран од САД, а разочаран од Босна и Херцеговина

Сонот на Босна и Херцеговина на Светското првенство заврши со пораз од САД со 2:0 во шеснаесетфиналето. Иако „Змејовите“ имаа играч повеќе во последната половина час, тие не ја искористија големата предност. По исклучувањето на Фоларин Балогун, Американците останаа со десетмина, но сепак делуваа помоќно на теренот.

Ваквиот пристап воопшто не му се допадна на Златан Ибрахимовиќ, кој на овој турнир работи како стручен консултант.

„Босна и Херцеговина имаше огромна шанса, но на теренот делуваше комплетно погубено“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој додаде дека играта со фудбалер повеќе морала да им донесе дополнителна самодоверба на играчите. Наместо тоа, Американците изгледаа како тие да имаат бројчена предност во тие моменти. Според Златан, ова е сериозна лекција за сите преостанати екипи.

Наспроти нив, Ибрахимовиќ беше максимално импресиониран од карактерот и борбеноста на фудбалерите на САД.

„Имаа причини да се распаднат, но наместо тоа станаа уште посилни на теренот“, нагласи популарниот Ибра.

На домашната селекција најпрво ѝ беа поништени два гола, а потоа го загуби и својот најдобар напаѓач. Сепак, тие не почнаа да се жалат, туку продолжија силно да трчаат и да вршат притисок.

Избраниците на Маурисио Покетино во осминафиналето на турнирот ќе ги одмерат силите против Белгија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.