Македонски ракомет Ракомет

ЖРК Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија!

Иако се очекуваше рутинска победа, ракометарките на Ѓорче Петров мораа сериозно да стравуваат за одбрана на куп-трофејот во Струмица, откако храбриот тим на Спартак до последната секунда им „дишеше во врат“ во големото финале. Натпреварот заврши со 30-33 во корист на фаворитките, кои иако имаа максимални шест разлика во вториот дел, дозволија ривалот од Кисела Вода да се врати на само два гола негатива и да има напад со две ракометарки повеќе во драматичниот финиш. Сепак, присебноста на бранителот на трофејот во клучните моменти и нереализираните шанси на противникот пресудија пехарот да не ги смени витрините.

Индивидуално, триото Ризоска, Гугуљанова и Исиќ беа главни мотори кај победничкиот состав со по седум прецизни удари, додека на спротивната страна блесна неверојатната Сузана Зечевиќ која со 12 погодоци речиси сама го носеше својот тим до сензација. Статистиката покажува дека Спартак, предводен и од ефикасната Николовска (10 гола), беше рамноправен во поголемиот дел од мечот, но искуството на ѓорчепетровки во финалните минути ја направи клучната разлика. Со овој триумф, „лавиците“ ја потврдија својата доминација, но истовремено добија сериозна опомена дека конкуренцијата во женскиот ракомет е сè посилна.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести