Македонски ракомет Ракомет

ЖРК Ѓорче Петров е првиот финалист во женскиот Куп на Македонија!

Ракометарките на Ѓорче Петров експресно обезбедија билет за големото финале во Струмица, откако со доминантни 15-37 ги совладаа надежните битолчанки, во меч каде разликата во искуство беше пресудна. Уште од првата минута „лавиците“ ја презедоа контролата со серија од седум последователни гола, заминувајќи на пауза со недостижни „плус 14“ против тимот на Пелистер во кој настапи само една сениорка.

Младиот битолски состав покажа борбеност во вториот дел преку расположените Елмазовска, Бундоска и Тодоровска, а Стефанија Ѓоргиевска со девет погодоци остана нерешлива енигма за нивната одбрана. Сега избраничките на Ѓорче Петров мирно го чекаат исходот од пресметката меѓу Чаир и Спартак за да го дознаат својот противник во борбата за престижниот трофеј.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести