ЖРК Чаир сериозно ја подмладува екипата и инвестира во иднината со ангажманот на Михаела Велјаноска, Стефани Ристиќ, Нора Махмуд и Михаела Кралева. Овие четири млади ракометарки носат нова енергија и огромен потенцијал во тимот, што јасно ги покажува амбициите на клубот за висок пласман во домашниот шампионат. Со ваков спој на младост и талент, сино-белите градат силен ростер кој допрва треба да го покаже најдоброто на теренот.
Велјаноска пристигнува од редовите на Вардар, Ристиќ и Кралева беа дел од Атлетик, додека Махмуд настапуваше за тимот на Замалек од Египет.
ЖРК Чаир за сезоната 2026/27 ќе биде дел од европските купови, но ќе настапуваат и во регионалната лига заедно со тимови од Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора.


