Иднината на младиот бразилски напаѓач Ендрик во Реал Мадрид е конечно разјаснета откако тренерот Жозе Мурињо стави рампа за негово заминување на нова позајмица или трансфер. По доаѓањата на Карлос Еспи и Јан Диоманде се појавија дилеми за неговата минутажа во силниот состав, но португалскиот стратег смета дека Бразилецот ќе биде важен адут и планира да го користи како на позицијата централен напаѓач, така и на десната крилна позиција.
Рома и Астон Вила беа најупорни во обидите да го доведат талентираниот фудбалер, кој минатата сезона импресионираше за време на позајмицата во Лион и настапи за Бразил на Светското првенство. Раководството на Реал целосно ја поддржа одлуката на Мурињо да му даде шанса, посебно ако се има предвид дека клубот досега за него одвои над 80 милиони евра сметајќи ги сите отштети, плати и бонуси.
Ендрик го прифати предизвикот што пред него го постави Мурињо и е решен да се бори за своето место во екипата, истакнувајќи дека сака да успее во клубот на неговиот живот.

