Меѓународен фудбал Фудбал

Жозе Мурињо е тренер на месецот во Ла Лига!

Предводникот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, ја доби официјалната награда од Ла Лига за најдобар тренер за месец октомври. Португалскиот стратег го заслужи ова признание откако „кралскиот клуб“ оствари максимални три победи на трите првенствени меча минатиот месец, совладувајќи ги Виљареал, Севиља и Барселона. Особено се издвојува големиот триумф во „Ел Класико“ од 2:1 против најголемиот ривал, со што мадриѓаните ја потврдија одличната форма. Сепак, португалскиот стручњак изрази голема загриженост поради репрезентативната пауза која го прекинува овој победнички ритам.

По добивањето на признанието, Мурињо отворено ги сподели своите стравувања за претстојниот период:

„Репрезентативната пауза доаѓа во доста незгоден момент за нас, токму кога фативме победнички залет. Сите веќе знаете дека од секое репрезентативно собирање обично се враќаат повеќе повредени отколку здрави играчи, поради што сум веќе сериозно загрижен.“

Со оглед на згуснатиот распоред по репрезентативните обврски, стравувањата на Мурињо за здравствениот билтен на своите фудбалери се повеќе од оправдани. Реал Мадрид ќе се обиде да гп сочува добриот ритам и да го продолжи патот кон титулата веднаш по завршувањето на репрезентативниот прозорец. Навивачите се надеваат дека сите носители на играта ќе се вратат здрави за претстојните предизвици во Ла Лига.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.