Меѓународен фудбал Фудбал

Жоао Кансело во Барселона до 2029 година!

Жоао Кансело и официјално се врати на „Камп Ноу“, но овојпат со траен договор. Португалскиот репрезентативец стави потпис на верност кон Барселона до 30 јуни 2029 година, откако претходно спогодбено го раскина договорот со саудискиот Ал-Хилал и пристигна како слободен играч.

Ова е третпат Кансело да го облече сино-црвениот дрес, по двете успешни епизоди како позајмен фудбалер. Неговата универзалност и офaнзивни квалитети беа пресудни за тренерот Ханси Флик да побара негов траен престој, а самиот Португалец направи сериозни финансиски отстапки за повторно да заигра за каталонскиот гигант.

Трансферот го обележа и еден бизарен гаф на клупската администрација. Кансело уште вчера се подготвил за претставување, облекол костум и тргнал кон стадионот, кога од Барселона го контактирале да му соопштат дека ја помешале датата и заборавиле да го известат дека промоцијата е закажана за денеска (20 август). Иако Португалецот првично збеснал поради грешката, денеска сите недоразбирања беа заборавени.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.