Меѓународен фудбал Фудбал

Жезус: Не му се извинувам никому, Роналдо ако сака да се врати, вратата му е отворена!

И покрај одличните игри и заверениот пласман во четвртфиналето од Лигата на нации, во таборот на Португалија главна тема и понатаму е Кристијано Роналдо. По серијата триумфи над Данска и Норвешка, селекторот Жорж Жезус на прес-конференцијата мораше детално да ја анализира ситуацијата со долгогодишниот капитен, кој неодамна демонстративно го напушти националниот тим откако остана на клупата за резерви.

Жезус истакна дека од негова страна нема никаков личен судир и дека Роналдо повторно ќе го добие неговиот повик за следниот репрезентативен прозорец, доколку самиот фудбалер изрази желба да се врати и продолжи редовно да игра за Ал Наср.

Запрашан за тензиите што настаана откако Роналдо се загреваше без да влезе во игра, португалскиот стратег беше дециден дека нема причина за какви било извинувања:

„Не му се извинувам никому. Одлуката кој ќе влезе во игра е исклучиво моја одговорност. Се направи непотребен проблем од ситуација каде што фудбалер се загревал, а не влегол во игра, тоа се случува на сите мечеви. Сфаќам дека Кристијано е симбол на државата и дека за него сè се преувеличува, но за мене тука нема драма. Сакам тој да ја заврши репрезентативната кариера онака како што тој посакува, а не со плачење по некој пораз. Му реков дека ми е потребен, но конечната одлука е исклучиво негова.“

Додека се чека расплетот околу статусот на Роналдо, во преден план изби Гонсало Рамош, кој со одличните изданија, голови и асистенции ја презеде улогата на прв напаѓач. Жезус не ги штедеше пофалбите за предводникот на нападот на Милан, подвлекувајќи дека тој израснал во извонреден играч кој донесува огромна вредност и за репрезентацијата и за својот клуб.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.