Меѓународен фудбал Фудбал

Жереми Доку верен на Манчестер Сити до 2031 година!

Манчестер Сити заврши важна работа пред стартот на новата сезона, откако Жереми Доку стави потпис на нов долгорочен договор кој го обврзува на верност кон „граѓаните“ сè до летото 2031 година.

Белгиското крило пристигна на „Етихад“ во 2023 година и за брзо време се промовираше во еден од најважните играчи во нападот. Изминатите три сезони забележа 131 настап, постигна 22 гола и додаде 34 асистенции, учествувајќи во освојувањето на пет трофеи.

Доку не го криеше задоволството од новиот потпис, истакнувајќи дека во Манчестер се чувствува како дома. Тој додаде дека со нетрпение ја очекува соработката со новиот менаџер Енцо Мареска, чиј офанзивен стил на игра совршено му одговара, а како голем мотив за останувањето ја посочи и силната поддршка од трибините.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.