Европски првенства Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија Светски првенства

„Жалосна“ одлука на ЕХФ, Начевски и Николов две години надвор од ракометот!

Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, добија двегодишна забрана за вршење на функцијата од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Одлуката доаѓа по наводно утврдена манипулација со видео снимките од задолжителните фитнес тестови кои арбитрите ги доставувале пред почетокот на последното Европско првенство, иако ЕХФ, се уште не ги презентираше доказите! Покрај суспензијата, тие ќе треба да платат и парична казна од по 5.000 евра поради „сериозно“ кршење на Кодексот на однесување.

Во официјалното образложение на ЕХФ се наведува:

„Судот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја донесе својата пресуда во процесот против македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Нивната номинација за машкото Европско првенство беше претходно повлечена поради сомнежи за веродостојноста на видео снимките од кондиционите тестови. По анализата на партнерот за интегритет ‘Спортрадар’, беше потврдено дека доставените материјали биле предмет на манипулација. Како резултат на ова сериозно нарушување на спортскиот кодекс, на двајцата судии им се изрекува забрана за вршење на секаква активност и функција под закрила на ЕХФ во траење од две години, сметано од денот на донесувањето на оваа одлука.“

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести