Македонски фудбал Фудбал

Жалбата на Вардар прифатена, Тиквеш казнет и елиминиран од Купот!

Фудбалската федерација на Македонија ја прифати жалбата на Вардар за неправилен настап на Окере Ебубе Висдом во осминафиналниот дуел со Тиквеш во Купот на Македонија. Комисијата за натпревари одлучи кавадарчани да бидат елиминирани од натпреварувањето, а средбата да биде регистрирана со службени 3-0 во корист на „црвено-црните“.

Покрај елиминацијата, Тиквеш доби и парична казна од 1.000 евра. Од ФФМ соопштија дека одговорноста за неправилностите е на клубот и неговите администратори, а нагласија дека одлуката е донесена согласно важечките правилници и пропозиции. Федерацијата дополнително посочи дека нема да покренува други дисциплински постапки со цел да не влијае врз настапите на Тиквеш во Првата лига, но најави доследна примена на правилата и во иднина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.