Меѓународен фудбал Фудбал

Зенит ја освои титулата во рускиот шампионат!

Фудбалерите на Зенит повторно се искачија на фудбалскиот Олимп во Русија, откако во рамките на последното коло од Премиер лигата успеаја да ја сочуваат лидерската позиција и да ја заверат новата шампионска титула. Тимот од Санкт Петербург славеше на тешкото гостување кај Ростов со минимални 1:0, а клучниот момент кој го реши прашањето на победникот се случи уште во раната фаза, поточно во 14. минута од средбата.

Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Александар Соболев, кој беше прецизен од пенал. Најстрогата казна беше досудена по невнимателниот и целосно непотребен потег на Миронов, кој без никаква потреба го влечеше противничкиот фудбалер во сопствениот шеснаесетник во моменти кога топката беше далеку од нив. Со овој триумф, Зенит ја затвори сезоната со вкупно 68 бодови, оставајќи го зад себе тимот на Краснодар.

За клубот од Санкт Петербург ова е вкупно 11. шампионска титула од осамостојувањето на земјата. Со овој голем успех, Зенит официјално стана најтрофејниот клуб во историјата на руското првенство, престигнувајќи го московски Спартак, кој во своите витрини има десет шампионски пехари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести