Боречки спортови Други спортови

Земјотрес во УФЦ: Том Аспинал се откажа од шампионскиот појас во тешка категорија!

Англискиот борец Том Аспинал донесе тешка одлука официјално да се откаже од титулата шампион на УФЦ во тешка категорија. Причината за ваквиот потег се сè уште сериозните компликации со десното око и неколкуте операциски зафати по кои медицинскиот тим одбива да му даде дозвола за враќање во октагонот, а Аспинал истакна дека не сака да ја држи во пат-позиција целата дивизија додека трае неговиот неодреден процес на рехабилитација.

Во емотивното обраќање до јавноста, Аспинал откри дека откако веќе договорил датум и почнал со спаринзи, за време на еден тренинг претрпел нов инцидент кој дополнително го оштетил неговото око. Тој отворено посочи дека голем дел од тешките здравствени проблеми се директна последица од повредите што ги претрпе на контроверзниот меч против Сирил Ган во октомври минатата година. Иако призна дека е целосно скршен бидејќи го сонува овој спорт од десетгодишна возраст, Аспинал порача дека ова не значи крај на неговата кариера и дека ќе се врати во октагонот веднаш штом добие зелено светло од лекарите.

Откажувањето на Англичанецот ширум ги отвора вратите за Сирил Ган да застане на самиот врв. Французинот, кој во меѓувреме ја освои привремената титула со спектакуларен нокаут против Алекс Переира, сега очекува промоција од страна на организацијата во апсолутен шампион на дивизијата или пак УФЦ наскоро ќе закаже нова борба за пополнување на испразнетото место на тронот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.