Кошарка Меѓународна кошарка

Заврши регуларниот дел од НБА сезоната

Вечерва се одигра последното коло од регуларниот дел од сезноната во НБА лигата. Се одиграа 15 натпревари, некои од тимовите кои веќе го имаа решено својот статус и позиција, ги одмараа своите клучни играчи, а сега се познати позициите на сите екипи и кој ќе игра во Плеј-оф и кој тим преку Плеј-ин турнирот ќе се бори за преостанатите места во следната фаза.

Во борбата за шампионскиот прстен остануваат 20 екипи. Првите шест екипи од Западната и Источната конференција обезбедија директен пласман во Плеј-оф фазата, додека екипите кои завршија од 7-та до 10-та позиција во Плеј-ин турнир ќе решаваат за преостанатите позиции. Седмиот и осмиот играат меѓусебен дуел, а победникот ќе ја заземе седмата позиција. Оној кој ќе загуби потоа ќе игра со победникот од дуелот помеѓу деветиот и десетиот, за осмата последна позиција која води во Плеј-оф фазата.

На западот директен пласман обезбедија Оклахома Сити, Сан Антонио, Денвер, Лејкерс, Хјустон и Минесота, додека на истокот директно во Плеј-оф одат Детроит, Бостон, Њу Јорк, Кливленд, Торонто и Атланта.

На Плеј-ин турнирот на запад ќе настапат Феникс, Портланд, Клиперс и Голден Стејт, а на истокот Филаделфија, Орландо, Шарлот и Мајами.

Феникс и Портланд ќе играат за седмата позиција, а поразениот од тој дуел ќе го чека победникот од Клиперс и Голден Стејт во борбата за осмата позиција. На истокот, Филаделфија и Орландо ќе се борат за седмата позиција, а поразениот ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Шарлот и Мајами за осмата позиција.

Западна конференција

(1) Оклахома Сити Тандер – (8) победник од плеј-ин
(2) Сан Антонио Спарс – (7) победник од плеј-ин
(3) Денвер Нагетс – (6) Минесота Тимбервулвс
(4) Лос Анџелес Лејкерс – (5) Хјустон Рокетс

Источна конференција

(1) Детроит Пистонс – (8) победник од плеј-ин
(2) Бостон Селтикс – (7) победник од плеј-ин
(3) Њујорк Никс – (6) Атланта Хокс
(4) Кливленд Кавалирс – (5) Торонто Репторс

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести