Одбраната на фудбалската репрезентација на Германија претрпе тежок удар за продолжението од Светското првенство. Магнетната резонанца потврди дека дефанзивецот Нико Шлотербек доживеал потешка повреда на натпреварот против Брегот на Слоновата Коска. Германците славеа во тој дуел и веќе обезбедија пласман во следната фаза од турнирот.
Централниот дефанзивец на Борусија Дортмунд заработи сериозна повреда на зглобот на левото стопало. За закрепнување од ваков проблем е потребно строго мирување од неколку недели. Тоа значи дека неговата мундијалска мисија за оваа година е дефинитивно завршена.
Селекторот Јулијан Нагелсман уште веднаш по натпреварот се сомневаше на ваков сериозен исход. Германскиот стратег веќе е принуден да бара алтернативни решенија за позицијата во дефанзивата. Германија следниот предизвик го има против Еквадор на 25 јуни, а потоа следуваат елиминациските битки.

