Меѓународен фудбал Фудбал

Заврши авантурата во Тајланд, најбогатиот фудбалер остана без клуб!

Фаик Болкија повторно е без клуб, откако му истече договорот со тајландскиот Ратчабури. 28-годишниот фудбалер сега ќе мора да бара нова средина за продолжение на кариерата. Болкија е капитен на репрезентацијата на Брунеи и досега има шест настапи за националниот тим. Во младинските категории бил дел од академиите на Саутемптон, Челзи и Лестер, а подоцна настапувал и за Маритимо, Чонбури и Ратчабури.

Неговата приказна е особено интересна поради семејното богатство. Болкија е внук на султанот на Брунеи и се смета за еден од најбогатите фудбалери во светот, со богатство кое според медиумските проценки се мери во милијарди евра. И покрај финансиското богатство, неговата фудбалска кариера не достигна највисоко ниво. Болкија никогаш не одигра официјален натпревар во Премиер лигата, иако во младоста беше дел од академиите на неколку познати англиски клубови.

По заминувањето од Ратчабури, останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.