Кошарка Македонска кошарка

Засилување во последен час: Ијекекполор го облекува дресот на ТФТ Скопје

Македонскиот претставник во АБА2 лига, ТФТ Скопје доби значајно засилување во рекетот на почетокот на новата сезона. Тимот од Тафталиџе го официјализираше ангажманот на канадскиот центар Отас Ијекекполор, кој ќе ја зголеми конкуренцијата под кошевите и ќе има можност за дебитирање уште на вечерашното отворање против Слобода Тузла.

30-годишниот кошаркар пристигнува во Скопје по епизодата во босанското првенство, каде минатата сезона го носеше дресот на Промо Доњи Вакуф. На 24 одиграни натпревари во тамошниот шампионат тој остваруваше просек од речиси пет поени и четири скока по меч, профилирајќи се како дефанзивно корисен играч во ротацијата.

Ијекекполор е доведен со јасна цел, да донесе физичка цврстина, подобрен скок и дефанзивна поставеност во рекетот за екипата на Боро Смилковски. Според договорот, канадскиот интернационалец ќе има право на настап исклучиво во меѓународната АБА2 лига, каде ТФТ Скопје повторно влегува со високи амбиции за пробивање кон горниот дел од табелата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.