Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Започнува нокаут-фазата: Канада и Јужна Африка го отвораат шеснаесетфиналето!

Групната фаза е веќе минато, а Светското првенство од вечерва влегува во својата најдраматична фаза каде што повеќе нема право на грешка. Честа да ја отворат големата елиминациска рунда ќе ја имаат селекциите на Канада i Јужна Африка, кои ќе ги одмерат силите на теренот во Лос Анџелес со почеток од 21:00 часот.

Ова соочување има огромно историско значење за двете земји, со оглед на тоа што ниту една од нив досега во својата историја нема играно во нокаут-фазата на еден планетарен собир. Иако притисокот на вакви натпревари е огромен, епитетот на фаворит на хартија сепак го има Канада, која заврши како второпласирана во групата Б и покажа зрел квалитет за да се најде меѓу 32-те најдобри селекции во светот.

Традицијата меѓу овие два тима е сосем сиромашна. Во минатото имаат одиграно само еден пријателски натпревар уште во далечната 2007 година, кога тогашниот домаќин на Светското првенство од 2010 година славеше со рутински 2:0. Вечерва влогот е неспоредливо поголем, бидејќи победникот од овој дуел ќе обезбеди билет за следната рунда, каде што за противник ќе го има подобриот од големиот дуел меѓу Холандија и Мароко.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.