Боречки спортови Други спортови

Започна „Скопје Опен – Рамус Г1“ турнирот во таеквондо

Во спортската сала „Борис Трајковски“ свечено стартуваше еден од најсилните таеквондо настани во регионот „Скопје Опен – Рамус Г1“, кој собра околу 1000 натпреварувачи од над 40 држави. Турнирот, кој носи значајни бодови за олимписка норма и е дел од календарот на Светската таеквондо федерација, претставува најголем ваков настан во Македонија во последната деценија. Домашната публика ќе има можност да го следи и настапот на олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски, како еден од главните адути на македонскиот тим.

Раководните луѓе на Македонската таеквондо федерација по повод отварањето на турнирот изјавија:

„Организацијата на овој турнир е уште една потврда дека македонското таеквондо не само што со години е лидер по резултати на меѓународната сцена, туку го потврдува својот примат и во организациска смисла, поставувајќи нови стандарди за спортски настани во земјата“.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести