Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Започна продажбата на билети за Вардар – Рига во Конференциската лига

Вардар ја затвори европската приказна во квалификациите за Лигата на шампионите, но сезоната на меѓународна сцена продолжува со нов предизвик во Конференциската лига на УЕФА. „Црвено-црните“ сега ќе се обидат преку ова натпреварување да обезбедат пласман во следната рунда и да ја израдуваат својата публика. Македонскиот шампион официјално ја започна продажбата на билетите за првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, во кој за противник ќе ја има летонска Рига.

По елиминацијата од фински Купс во квалификациите за Лигата на шампионите, избраниците на Вардар ги насочуваат сите сили кон настапот во третото по ранг европско клупско натпреварување. Првиот дуел против Рига ќе се одигра на 22 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот.

Навивачите кои сакаат да бидат дел од атмосферата и да му дадат поддршка на својот тим, билетите можат да ги обезбедат преку онлајн платформата на МК Тикетс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.