Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Запленети 66.000 лажни мундијалски дресови во вредност од 3 милијарди долари!

Шпанската полиција, во координација со Европол и Интерпол, разби моќна криминална мрежа која дистрибуирала фалсификувана спортска опрема наменета за актуелното Светско првенство. Во масовната акција спроведена на 15 локации во Шпанија, уапсени се 95 лица и запленети се дури 16 тони лажна стока, чија вредност на црниот пазар надминува седум милиони евра.

На удар на фалсификаторите беа националните тимови и најголемите фудбалски ѕвезди, предводени од Килијан Мбапе. Истрагата покажа дека проширениот Мундијал со 48 репрезентации е вистински магнет за нелегална заработка, а се проценува дека индустријата со лажни дресови ќе му нанесе штета на легитимниот пазар од дури три милијарди долари.

Главниот мотив за купувачите е огромната разлика во цената, додека оригиналите чинат и до 170 долари, копиите на интернет се продаваат за само 20 до 30 долари. Сепак, полициските претставници предупредуваат дека ова не е наивен прекршок. Парите од продажбата на овие производи директно ги финансираат сериозните криминални групи инволвирани во трговија со луѓе, шверц на дрога и перење пари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.