Меѓународен фудбал Фудбал

За Жиру годините се само бројка: Францускиот ветеран го предводи Лил против Тулуз

Иако при крајот на овој месец ќе го прослави својот 40. роденден, Оливие Жиру продолжува да пркоси на биологијата и да доминира на француските терени. Искусниот напаѓач ја започна новата сезона во Лига 1 во импресивна форма, а под раководство на новиот тренер Давиде Анчелоти стана незаменлива „прва виолина“ во нападот на Лил.

По голот на премиерата против Анже и двете асистенции во ремито против ПСЖ, Жиру вечерва од 20:45 часот, ќе биде главна опасност за одбраната на Тулуз во уводниот меч од третото коло. За разлика од претходната сезона кога кај Бруно Женесио главно имаше улога на џокер од клупата, младиот италијански стратег на клупата му даде целосна доверба и слобода во играта.

На вечерашното гостување се очекува и официјалното деби на најновото засилување Ајасе Уеда, кој пристигна од Феенорд за 15 милиони евра. Анчелоти истакна дека очекува одлична соработка меѓу јапонскиот репрезентативец и францускиот ветеран.

„Уеда е комплетен напаѓач, исклучително моќен во шеснаесетникот и одличен во воздухот. Тој може добро да се надополнува со Жиру и постои реална можност во иднина да играат заедно. Комбинацијата од нивните профили ми дава многу повеќе тактички опции во нападот“, истакна Анчелоти пред мечот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.