Селекторот на Англија, Томас Тухел, со голем респект зборуваше за Аргентина пред полуфиналниот дуел на Светското првенство, оценувајќи дека актуелниот светски шампион е еден од најтешките противници за совладување.
„Аргентина е тим што не паничи, дури и кога губи. Веруваат во својот стил, играат со голема емоција и имаат одличен селектор. Затоа се толку тешки за победување“, изјави Тухел.
Германскиот стратег посебно се осврна на Лионел Меси, нагласувајќи дека и на 39 години е способен да го реши натпреварот во секој момент.
„Сите знаат каде сака да се движи, но неговата најголема сила е што секогаш наоѓа ново решение. Имаме план како да го запреме, но против играч како Меси никогаш нема гаранции“, истакна Тухел.
Тој додаде дека Англија е подготвена за големиот предизвик и верува дека неговиот тим има квалитет и менталитет да се избори за место во финалето.

