Меѓународен фудбал Фудбал

За Ришарлисон нема да има минути дури ни во Карабао купот

Кризата во Тотенхем на стартот од новата сезона во Премиер лигата добива дополнителна драматична димензија. Островиот тим сè уште нема победа, а по воведните четири кола мрежите на противниците остануваат целосно недопрени. И покрај катастрофалната ефикасност, менаџерот Роберто Де Зерби донесе радикална одлука и целосно го отстрани од тимот Ришарлисон, кој требаше да биде главна ударна игла во нападот.

Разочаран од пропаднатиот трансфер во Евертон пред самиот крај на преодниот рок, Ришарлисон одигра само 68 минути во првото коло против Брентфорд, по што целосно исчезна од тимот. Де Зерби на последната прес-конференција јавно потврди дека вратата за Бразилецот е засекогаш затворена:

„Ришарлисон повеќе нема да игра, дури ни кога ќе биде целосно подготвен. Нема да биде во комбинација ниту за натпреварите во Карабао купот. На почетокот од сезоната седнав со него и лично го убедував да остане, но тој не го сакаше тоа. Не можам секој ден да го молам некого да игра за овој клуб“, порача италијанскиот стручњак.

На констатацијата на новинарите дека Тотенхем сè уште нема постигнато ниту еден гол во првенството и дали сепак е потребен напаѓач од негов калибар, Де Зерби имаше подготвен и остар одговор:

„Можеби заборавивте, па да ве потсетам, Ришарлисон играше кога изгубивме со 3:0 од Брентфорд.“

По воведните порази од Брентфорд (0:3) и Њукасл (0:2), тимот од Северен Лондон одигра дури две средби без голови против Нотингем Форест и Евертон, па Де Зерби ќе мора итно да бара нови решенија во нападот без поддршката од бразилскиот репрезентативец.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.