Меѓународен фудбал Фудбал

Второлигаш од Португалија до историска победа во Европа! (ВИДЕО)

Португалскиот второлигаш Тореенсе испиша историја во Лигата на Европа, откако како гостин го совлада Лилестрем со 2:1 и стана првиот тим надвор од највисоката лига што остварил победа во актуелниот формат на натпреварувањето. Иако домаќинот имаше поголем посед на топката, Тореенсе беше многу поконкретен и преку брзи контранапади создаваше проблеми. Предноста пристигна во 33. минута, кога Алехандро Алфаро со глава погоди по одличниот центаршут на Давид Бруно.

Португалскиот тим уште еднаш го казни домаќинот по паузата. Ману Позо во 53. минута со одличен удар ја зголеми предноста на 2:0. Лилестрем успеа да намали во 79. минута преку Томас Лене Олсен, но до крајот не успеа да стигне до израмнување. Дополнителен проблем за Тореенсе беше исклучувањето на Нуха Џата, кој доби втор жолт картон.

И покрај завршниот притисок на домаќинот, гостите го задржаа водството и освоија важни три бода во борбата за пласман во следната фаза.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.