Други спортови Останато

Второ место и овации за Дарио Ивановски на Белградскиот маратон

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски ја потврди одличната форма и го освои второто место на Белградскиот маратон.

Со време од 2:09:35, иако не успра да го подобри својот личен рекорд, успеа да стигне до високата втора позиција.

Гемсиса Гада од Етиопија заврши на првата позиција со време 2:09:11, а на подиумот се искачи и Кениецот Џон Ерот, кој заврши на третата позиција.

Нашиот Дарио беше поздравен од белградската публика со овации кога се искачи на подиумот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести