Денес на програмата е 26. коло од Втората лига на Македонија, а сите осум натпревари ќе се одиграат во терминот од 16:00 часот.
Лидерот на табелата, Брегалница на домашен терен ја има улогата на фаворит против екипата на Слога Виница.
ФК Скопје ќе гостува на Преспа и доколку сакаат „Пиратите“ да останат во битката за првата позиција, бодовите од ова гостување, во кое важат за фаворити мора да ги освојат.
Охрид и Шкендија Арачиново ќе имаат потешка задача. Охриѓани ќе гостуваат во Тетово против Тетекс, додека Шкендија Арачиново ќе патува на гости кај Кожув.
25.04.2026 (сабота) 16:00 часот
Брегалница – Слога Виница
Кожув – Шкендија Арачиново
Преспа – ФК Скопје
Саса – Г. Коњари
Новаци – Детонит
Победа – Осогово
Тетекс – Охрид
Вардар Неготино – Беласица

