Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Втор пораз на подготовките, Шкендија немоќна против Целје

Шкендија го претрпе вториот пораз за време на летните подготовки во Словенија, откако во третата контролна средба загуби со минимални 1-0 од словенечкиот тим Целје. По израмнето прво полувреме без погодоци, двете екипи продолжија со борбена игра и во вториот дел. Клучниот момент се случи во 80. минута, кога Суховршник ја искористи својата шанса и го постигна единствениот гол на натпреварот, со кој му донесе триумф на својот состав.

Ова е втор неуспех за тетовскиот тим во подготвителниот период, по претходниот пораз од Хајдук Сплит (4-0). Засега единствената победа на „црвено-црните“ останува онаа против Копер, кога славеа со 2-1 на првиот тест. До почетокот на новата сезона, Шкендија ќе продолжи со работа на тактичкото воигрување и подигнување на формата, со цел што поподготвено да ги дочека домашните и европските предизвици.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.