Женската тениска асоцијација (ВТА) се соочува со сериозни финансиски проблеми, и покрај растот на интересот за женскиот тенис во последните години. Според „Телеграф“, ВТА во 2026 година има оперативен минус од 23 милиони долари, додека располага со 15 милиони долари ликвидни средства. Доколку негативниот тренд продолжи и во 2027 година, асоцијацијата би можела да се соочи со ризик од банкрот.
Проблемите не ги опфаќаат четирите грендслем турнири, кои функционираат независно. Дополнителен предизвик се и пониските наградни фондови за тенисерките на турнирите во Мајами и Мадрид. ВТА исто така остана без значаен приход по одлуката завршниот турнир да се пресели од Ријад во САД. Домаќинството во Саудиска Арабија носеше неколку милиони долари годишно во касата на асоцијацијата.

