Меѓународен фудбал Фудбал

Време е за „Топер“ дербито: Реновираниот Ајакс го предизвикува шампионот ПСВ!

Петтото коло во холандската Ередивизија го носи првото овогодишно издание на големото дерби „Топер“ меѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен, кое се игра вечерва од 20:00 часот на „Јохан Кројф Арена“. Екипата на ПСВ ја задржа улогата на главен фаворит за одбрана на трофејот и по почетните колебања влезе во застрашувачка голгетерска форма, распукувајќи се во минатото коло против Утрехт со убедливи 6:1.

За разликува од нив, амстердамскиот гигант минува низ темелна реорганизација по катастрофалната претходна сезона. Градењето на новиот Ајакс му е доверено на шпанскиот стратег Мичел, кој претходно оствари историски резултати со Жирона. Иако во финишот на преодниот рок остана без младиот Мика Годс кој се пресели во ПСЖ, Ајакс се засили со искусниот Јулијан Брант, голманот Марк-Андре тер Штеген, како и со офанзивците Маркос Леонардо и Толу Арокодаре, кој веќе постигна четири гола на последните три настапи.

Двата тима влегуваат во вечерашниот дуел со одредени кадровски проблеми. Во домашниот табор ќе недостасуваат Адингра, Блинд и Буендија, додека гостите од Ајндховен не можат да сметаат на Плеа, Схаутен, Удијас и Ламерс. Иако ПСВ доминира во холандскиот фудбал изминативе три години, традицијата на меѓусебните пресметки му дава надеж на Ајакс, со оглед на тоа што амстердамци немаат претрпено пораз од овој ривал на последните пет првенствени дуели.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.